ВИДОВИ НА ДВИЖЕЊА ВО ЗГЛОБОВИТЕ


        За секое тело во просторот се карактеристични шест степени на слобода на движење, и тоа три транслаторни по оските x, y и z од природниот координатен систем и три ротациони околу истите оски (слика 1). Секој степен на слобода подразбира движење во две насоки на дадениот правец што значи вкупно 12, и тоа: по x: лево-десно, по y: горе-долу, по z: напред-назад, околу x: ротација напред-задад, околу y: ротација внатре-надвор, околу z: ротација лево-десно.



Сл. 1 Рамнини и оски во координатниот систем

        Движењата кај човекот можат да бидат со поместување на целото тело  во однос на околината и промена на положбата на едни делови од телото во однос на други. Основни рамнини во кои се одредуваат сите можни движења се: фронтална Ф или челна (анфас), која го дели телото на предна (вентрална) и задна (дорзална) половина (ако поминува низ тежиштето на телото), сагитална С или странична (профил) која го дели телото на лева и десна половина и хоризонтална Х или водорамна (трансферзална) која го дели телото на горна (кранијална) и долна (каудална) половина.
   
    Поделбата на движењата во зглобовите се врши според рамнината односно оската околу која се врши движењето. Сите движења во фронтална рамнина се вршат околу сагитална оска (пр. отклон на трупот лево-десно), сите движења во сагитална рамнина се вршат околу фронтална оска (пр. претклон-затклон на трупот) и сите движења во хоризонтална рамнина се вршат околу вертикална оска (пр. внатрешна-надворешна ротација во зглобот на колкот).
       Движењата во зглобовите се групираат според рамнината и оската на движење така што, свиткување (флексија) и испружување (екстензија) се врши во сагитална рамнина околу фронтална оска, одведување (абдукција) и приведување (аддукција) во фронтална рамнина околу сагитална оска и вртење (ротација) внатре (интерна) и вртење надвор (екстерна) во хоризонтална рамнина околу вертикална оска. Типични движења во едноосовинските зглобови се свиткување и испружување (флексија и екстензија), во двоосовинските покрај нив, има и одведување и приведување (абдукција и аддукција) и во триосовинските покрај сите претходни се и внатрешна и надворешна ротација.          

зглоб

движење

рамнина

оска

прсти на стапало

флексија

екстензија

сагитална

сагитална

фронтална

фронтална

долен скочен зглоб

абдукција со пронација

аддукција со супинација

фронтална

хоризонтална

сагитална

вертикална

горен скочен зглоб

дорзална флексија

плантарна флексија

сагитална

сагитална

фронтална

сагитална

колено

флексија

екстензија

хиперекстензија

надворешна ротација (*)

внатрешна ротација (*)

сагитална
сагитална
сагитална
хоризонтална

хоризонтална

фронтална
фронтална
Фронтална
вертикална

вертикална

колк

флексија

екстензија

абдукција

аддукција

внатрешна ротација

надворешна ротација

сагитална

сагитална

фронтална

фронтална

хоризонтална

хоризонтална

фронтална

фронтална

сагитална

сагитална

вертикална

вертикална

прсти на шака

флексија

екстензија

абдукција

аддукција

репозиција

опозиција

сагитална

сагитална

фронтална

Фронтална

Фронтална

фронтална

Фронтална

фронтална

сагитална

сагитална

сагитална

сагитална

шака

флексија

екстензија

абдукција

аддукција

сагитална

сагитална

фронтална

фронтална

фронтална

фронтална

сагитална

сагитална

лакт

флексија

екстензија

хиперекстензија

супинација

пронација

сагитална

сагитална

сагитална

хоризонтална

хоризонтална

фронтална

фронтална

Фронтална

вертикална

вертикална

рамо

антефлексија

ретрофлексија

абдукција

аддукција

хиперпронација

хиперсупинација

хоризонтална флексија

хоризонтална екстензија

сагитална

сагитална

фронтална

фронтална

хоризонтална

хоризонтална

хоризонтална

хоризонтална

фронтална

фронтална

сагитална

сагитална

вертикална

вертикална

вертикална

вертикална

глава

флексија

екстензија

латерофлексија во десно

латерофлексија во лево

ротација во десно

ротација во лево

сагитална

сагитална

фронтална

фронтална

хоризонтална

хоризонтална

фронтална

фронтална

сагитална

сагитална

вертикална

вертикална

рбетен столб

флексија

екстензија

латерофлексија

торзија

сагитална

сагитална

фронтална

хоризонтална

фронтална

фронтална

сагитална

вертикална


(*)
Само во полуфлексија